„Вујо мајсторе“ не е повеќе селектор на Катар!

Веселин Вујовиќ не е повеќе селектор на репрезентацијата на Катар, откако двете страни не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката.
Иако црногорскиот стратег неодамна оствари голем успех со катарската селекција, освојувајќи сребро на Азиските игри во Јапонија, преговорите за нов договор не завршија успешно.
Вујовиќ минатата пролет повторно седна на клупата на Катар, наследувајќи го францускиот стручњак Валери Ривера. Ова беше негов втор мандат со катарската репрезентација, откако претходно ја предводеше и на Светското првенство во 2025 година во Хрватска.
Главната причина за разделбата се несогласувањата околу условите и времетраењето на новиот договор. Вујовиќ очекувал соработката да продолжи до мај, вклучувајќи ги и квалификациите за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, додека катарската федерација понудила договор до крајот на СП во јануари.
Некогашниот селектор на Македонија, Словенија, Иран, Црна Гора…сега е слободен во потрага по нов ангажман.
The post „Вујо мајсторе“ не е повеќе селектор на Катар! appeared first on 24 РАКОМЕТ .
The full article is being collected. Available text is shown for now.