Италијанско фијаско: Четири меча, четири порази во ЛШ

Италија од поодамна го губи чекорот со останатите гиганти на европската клупска сцена одраз на тоа е и скорот во рамките од второто коло од Лигата на Шампионите. Во него, четирите екипи од Калчо-лигата не успеаја да освојат ниту еден единствен бод.
Интер беше апсолутен фаворит во пресрет на домашниот меч со Бриж, но „нероаѕурите“ се посрамотија губејќи на „Џузепе Меаца“ со 3-4. Со тоа продолжи катастрофалната серија на Интер во ЛШ, каде актуелниот италијански првак има седум порази на последните осум натпревари, на крајот од ланската и почетокот од оваа сезона.
Наполи му гостуваше на Виљареал, меч на кој „наполитанците“ добро почнаа и поведоа со 0-1, но потоа следеше одговор на пшпанскиот состав и триумф на „жолтата подморница“ од 3-1.
Комо полека, но сигурно го губи здивот, доказ за тоа беше и гостувањето во Ротердам каде избраниците на Фабрегас загубија од Феенорд со 3-2.
Најблиску до триумф беше Рома, „волчицата“ имаше 3-1 против Реал Мадрид, но големиот пад на концентрацијата во завршните десет минути придонесе „кралевите“ да направат чудесен пресврт и на крајот да слават со 3-4.
Италија има проблем со репрезентацијата, но дефинитивно има проблем и со клупскиот фудбал.
The full article is being collected. Available text is shown for now.