Ќе има ли правда за 33-годишниот Дурмиши, кој загина во сообраќајката во која учествуваше бегалката Михаилова

Да не сте им во кожата на родителите и семејството на 33-годишниот Бесим Дурмиши , кој пред една година загина во сообраќајната несреќа во која учествуваше и 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која избега во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е 33-годишниот маж кој загина во сообраќајката во која учествуваше Михаилова која избега во Бугарија
Не само што толку долго чекаат правда, туку толку долго мораат и да го гледаат политичкиот циркус кој го приредува Бугарија, членка на Европската унија (ЕУ) и НАТО.
Бугарија направи херој од девојка која е обвинета за учество во сообраќајка со смртни последици, која ниту еднаш јавно не изрази сочувство на семејството на Дурмиши, ама сто пати кажа дека била реприсирана во Македонија оти била Бугарка.
Сочувство не изразија ни бројните бугарски политичари кои не ја извадија од уста Михаилова, од која направија нов инструмент за пресметка со “лошата“ Македонија. Тоа доволно кажува за нив.
Плус, на крај ќе излезе и дека немала сериозен здравствен проблем, а поради тоа тврдење, бугарските политичари случајот го направија демек хуманитарен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството во Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во земјава, кој ќе го потврдеше тоа, кажа Клековски
Можете само да замислувате како му било на неговото семејство кога во судницата во Кочани се довлече речиси цел бугарски Парламент. Одат ли така во други земји каде им се суди на Бугари? Секако дека не. Ама они нели се во ЕУ, и по се изгледа на членките на Унијата се им е дозволено во име на „добрососедството“.
А сега откако таа избега во Бугарија, а тамошното Министерство за внатрешни работи рече оти не ја ни бара (а сите таму знаат каде е), ни па планира да ја екстрадира во Македонија, надежта за правда стана уште подалечна. Џабе што Македонија распиша за неа меѓународна потерница. Таа од Бугарија ќе се врати исто како што се „врати“ нејзиниот татко, осуден меѓу друго и за обид за убиство во Македонија.
Вака ли изгледа правдата и спроведувањето на правото во ЕУ, за кое не „отруја„ од таму во секој извештај?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија ни ја бара, ни па планира да ја екстрадира бегалката Михаилова во Македонија
Бугарскиот амбасадор го спори македонскиот судски систем
И таткото на Михаилова избега во Бугарија
Фото: Фејсбук
The post Ќе има ли правда за 33-годишниот Дурмиши, кој загина во сообраќајката во која учествуваше бегалката Михаилова appeared first on еМагазин .
The full article is being collected. Available text is shown for now.