Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На крајот тимот од Сплит успеа да победи со 2:1.
Хајдук водеше со 2:1, но во 75-та минута густ чад од северната трибина целосно го покри теренот, поради што судијата Кристијан-Петру Чочирка го прекина натпреварот и ги испрати играчите на двата тима во соблекувалните.
На трибините гореа факели, а се слушаа и топовски удари, што беше продолжение на скандалозните сцени од Сплит претходно во текот на денот .
Хајдук чекаше 16 години за настап и победа во групна фаза од европските купови. Стрелци на головите за Хајдук беа Абдули Бамба Санјанг и Марин Шотичек, додека во 53-та минута за Ајакс погоди капитенот Дејви Класен.
Foto/ Index.hr
Текстот Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс е превземен од МАКФАКС .
The full article is being collected. Available text is shown for now.