Back

Хари Кејн ќе потпише нов договор со Баерн

Story illustration

Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, се согласил за сите услови на новиот договор со германскиот шампион, на кого му вети верност до летото 2029 година, дознава „Скај Спортс“.

Капитенот на англиската репрезентација наводно ќе заработува 25 милиони евра годишно според новиот договор.

Кејн постигна неверојатни 154 гола на 156 натпревари откако се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен во 2023 година.

Неговите 73 гола за клубот и репрезентацијата минатата сезона го ставаат меѓу водечките кандидати за „Златната топка“.

Оваа сезона, на само девет натпревари, тој има осум гола и четири асистенции. За време на престојот во Баерн, тој освои две титули во Бундеслигата. Првата, во 2025 година, претставуваше прв голем трофеј во неговата кариера.

Тој, исто така, го освои Купот на Германија минатата сезона, како и два последователни трофеи во Суперкупот на Германија.

Во последните три години, Кејн двапати ја освои Златната копачка на Европа, наградата за најдобар стрелец на континентот, додека беше најдобар стрелец во Бундеслигата во секоја од неговите три сезони во Баерн.

Кејн ја предводеше Англија до финалето на Европското првенство во 2024 година, а на почетокот на минатото лето го предводеше „Горди Албион“ до најдобриот резултат на Светското првенство од 1966 година. Англија го освои третото место.

Пред 10 дена, тој го израмни рекордот на Питер Шилтон, го одигра 125-ти натпревар за националниот тим. Тој ќе има шанса да го надмине во натпреварите од Лигата на нациите следниот месец.

Кејн, минатиот месец го постави рекордот, за играч на кого му биле потребни најмалку натпревари за да дојде до бројката од 100 гола во Бундеслигата.

Не само што постави нов рекорд, туку убедливо го надмина, бидејќи стигна до својот стоти гол за само 98 натпревари, дури 31 натпревар побрзо од претходниот рекордер, Дитер Милер, чиј рекорд траеше речиси половина век.

Foto/ Depositphotos

Текстот Хари Кејн ќе потпише нов договор со Баерн е превземен од МАКФАКС .

The full article is being collected. Available text is shown for now.

Back
Share this story

Get the daily newsletter →

Ask globalread.info

AI news & website helper
What would you like to explore?

I can find stories, explain headlines, or help you use globalread.info.

AI can make mistakes. Check the linked sources. Questions are sent to OpenAI.